„Моторот“ на Мотор останува во Запорожје, Мешков ќе бара друг партнер на Скубе

Средниот бек на белоруската репрезентација, Борис Пуховски, ќе го продолжи својот престој во Мотор Запорожје.

„Моторот“ на Мотор, иако имаше понуда од белорускиот Мешков Брест, се реши да го прифати новиот договор на една година од украинскиот првак.

Мешков го планираше Пуховски како поддршка за Сташ Скубе, со оглед на тоа дека Раул Алонсо нема преголема доверба во Јака Малус, но потрагата ќе мора да ја продолжи на друго место.

Мотор e безбеден на средната бековска позиција, со оглед на тоа што останува и литванскиот репрезентативец Аиденас Малашинскас и новакот од Веспрем, Валентин Мелничук.