Монпелје немаше шанса во финалето, ПСЖ го освои Купот на Франција

Ракометарите на ПСЖ дојдоа до нов трофеј, откако го освоија Купот на Франција откако беа подобри од Монпелје со 30:26.

Монпелје добро се држеше до првата половина од првиот дел и го диктираше резултатот во своја корист. Започна со водство од 2:0 и во следните минути имаше солидни три гола предност, 4:1 и 5:2 во 4. минута односно 5. минута од натпреварот.

ПСЖ се врати во игра и веќе во последните десет минути од првиот дел започна со својата препознатлива игра за на полувреме да замине со 18:15. Водството од првиот дел успеа контролирано да го одржува и во вториот дел и не му даде шанса на својот противник да се доближи резултатски.

Победничкиот тим беше предводен од Дилан Нахи со седум гола, втор стрелец во екипата на ПСЖ беше Лука Карабатиќ со четири погодоци. Во тимот кој мораше да се задоволи со сребрен медал, по четири гола постигнаа Јанис Лене, Лукас Пелас и Килиан Вилемино.