Многу прилепчани на едно место: Играат за различни клубови, но тренираат заедно (ФОТО)

Поголем дел од македонските клубови ќе стартуваат со подготовките за новата сезона на крајот на месец јули.

Но ракометарите подолго време, односно четири месеци, се без тренинзи во сала, па тоа го компензираат со тренинзи на отворено.

Прилепските ракометари кои дел од одморот го поминаа во родниот град, иако настапуваат за различни клубови од Суперлигата, тренираа заедно и се пофалија на социјалните мрежи.

Димитар Димитриоски од Вардар, Пеце Ѓорѓиоски од Тиквеш, Благојче Трајкоски од Еурофарм Пелистер, Христијан Милошески од Бутел Скопје, во друштво на младите ракометари од Прилеп, Лука Лешникоски и Никола Стојков.