Многу голови во Леон и висок пораз за Металург

Составот на Металург претрпе уште еден пораз во Групата А од Лигата на Европа откако на гостувањето во Шпанија не успеа против Адемар Леон да најде игра за подобар резултат. Екипата на Адемар Леон дојде до триумф од 41:32.

Уште од почетокот на натпреварот стана јасно кој ќе победи денеска. Промените во стручниот штаб, долгиот пат со автобус до Шпанија си го сторија своето, па иако ова не може да биде алиби, сепак, е еден вовед за натпреварот.

Домашните рано го решија победникот на оваа средба. Наметнаа силно темпо кое постојано го засилуваа, па разликаа постојано растеше. Имаа 8:4 после десет минути, 11:5 само пет минути подоцна, а највисоки плус девет во првиот дел во 27 минута од натпреварот. Тогаш Адемар водеше со 19:10. Сепак, на одмор резултатот беше 20:13, но не даваше многу надежи за позитивен епилог.

Во продолжение од средбата домашните продолжија со играта која ја имаа во поголемиот дел од првото полувреме. Успеаја да стигнат до двоцифрена предност и тоа веќе во 33. минута од натпреварот. Тука веќе само стануваше уште појасно кој ќе победи.

Металург не успеваше да парира, па многу лесно примаше голови така што во 52. минута се дојде до резултат од 38:24. Овие плус 14 на осум минути до крај најавуваа тежок пораз за Металург. Сепак, тука следуваше серија од 4:0 за Металург и намалување на високата негатива.

До крајот остана негативата од десет гола, но во завршницата Металург ублажи уште малку и дојде до девет негатива. Конечните 41:32 во корист на Адемар, сепак, ги оставија бодовите во Шпанија, а Металург ќе може да се обиде пред своја публика за нешто повеќе.

17 ноември 2020
41 - 32
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
17 ноември 2020 22:21 ЛИГА ЕВРОПА A 2020/2021 17.11.2020 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
Адемар Леон2041Победа
МЕТАЛУРГ1332Пораз

Адемар Леон

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Рубен Марчан Кријадопивот18
4Ервин Јан Фојхтманлев бек02
7Антонио Суарез Дијазцентрален бек03
8Тин Луцинцентрален бек04
9Педро Мартинезцентрален бек05
12Ендру Лауренс Донлинпивот10
14Милан Гостовиќдесен бек13
16Дино Славиќголман00
19Гонзало Перез Арседесно крило07
22Калифа Гедбанголман00
23Алекс Лодос Гарсијалев бек00
24Антонио Мартинездесно крило01
28Леандро Елиас Боргес Силва Семедолев бек02
35Матеуш Пиечковскипивот04
37Олег Киселевлев бек02
85Адриан Каскеро Лопезлево крило00
 Вкупно 341

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Александар Петковскидесен бек00
5Бранко Канкарашпивот04
6Милан Поповиќлево крило18
7Дарио Кофилоскилево крило00
10Даниел Дупјачанецголман00
13Златко Хорватдесно крило06
15Маријан Мариќлев бек00
17Мартин Серафимовдесен бек04
19Милан Лазаревскипивот03
20Даниел Ѓорѓескиголман00
21Михајло Младеновиќлев бек00
26Марко Тарабокијацентрален бек03
42Момир Рниќлев бек00
44Стефан Додиќцентрален бек03
55Никола Потиќдесен бек01
64Велко Маркоскилев бек10
 Вкупно 232
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ГЕПИНГЕН1080216
2КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН1070314
3БЕНФИКА104068
4ТАТРАН102084
5ФЕЈЕР102084