Младост организатор на Ф4, најдобрите младинци два дена во Богданци

Екипата на Младост Богданци ќе биде домаќин на завршниот турнир кај младинците за оваа сезона.

Пласман на Ф4 турнирот освен домаќинот, обезбедија и екипите на Бутел Скопје, Голден Арт и Пролет.

Полуфиналните дуели ќе се одиграат во недела, додека натпреварот за трето место и финалето се закажани за во понеделник.

Во првото полуфинале, кое ќе се одигра со почеток од 16:30, ќе се сретнат Пролет и Бутел Скопје.

Второто полуфинале го сочинуваат екипите на Младост и Голден Арт. Овој натпревар ќе стартува со почеток од 18:30 часот.