Младинците ќе играат на ЕХФ шампионатот во Летонија, се најдоа во втор шешир пред ждрепката

Младинската машка репрезентација на Македонија ги дозна можните ривали за настап на ЕХФ шампионатот што следното лето ќе се одржи во летонската метропола Рига.

Младинците се наоѓаат во вториот шешир заедно со Турција, па нема да играат со овој ривал во прелиминарната фаза. Вкупно 11 репрезентацииќе играат на овој ЕХФ шампионат поделени во шест шешири. Покрај натпреварите од првата фаза, ќе се играат полуфинале и финале, како и натпревари за пласман.

Шешир 1: Романија, Белорусија
Шешир 2: Македонија, Турција
Шешир 3: Луксембург, Грузија
Шешир 4: Латвија, Бугарија
Шешир 5: Косово, Велика Британија
Шешир 6: Белгија

Уште еден ЕХФ шампионат ќе се одржи во Бугојно, Босна и Херцеговина, а таму покрај домаќинот, ќе настапат репрезентациите на Полска, Чешка, Холандија, Фарски Острови, Словачка, Црна Гора, Финска, Естонија и Грција.

ЕХФ шампионатите ќе се одржат од 3 до 12 јули 2020 година, а ждрепката ќе биде на 4 ноември со почеток во 15:00 часот.