Мицевска со солидна партија, Ница елиминирана од Купот на Франција

Во рамките од полуфиналето од Купот на Франција, Ница на Марјан Колев беше елиминирана од Нант после поразот со 27:33.

Избраничките на Колев одиграа одлично прво полувреме и водеа рамноправна борба со поискусниот противник. По 30 минути игра резултатот беше нерешен, 14:14.

Во второто полувреме, Нант беше постојано во предност и не дозволи да има изненадување на теренот.

На голот на Ница солидна партија имаше голманката на македонската репрезентација, Јована Мицевска која натпреварот го заврши со девет успешни интервенции, недоволни за победа.

Второто полуфинале го сочинуваат екипите на Мец и Брест Бретањ. Победникот од натпреварот ќе игра во финалето од Купот на Франција против Нант.