Мицевска солидна, Ница со минимален пораз

Во дерби натпреварот од 5. коло од плеј-офот во француската лига во женска конкуренција, Нант забележа победа против Ница со 31:30. На полувреме резултатот беше нерешен, 17:17.

Поголемиот дел од натпреварот донесе борба за секоја топка. Двете екипи постојано се менуваа во предност и највисокото водство на натпреварот беше само два разлика.

Во последните минути, Нант направи серија од 2:0 и од 29:29 стигна на 31:29, а избраничките на Марјан Колев во најбитните моменти погрешија во нападите и до крајот само го ублажија поразот.

Солидна партија меѓу стативите имаше голманката на македонската репрезентација, Јована Мицевска која забележа девет интервенци.