Михаел Кнудсен нема повеќе да игра – доби нова улога во Силкеборг

Данецот кој стави крај на својата играчка кариера не може да се одели од ракометот, тој останува да работи во Силкеборг како спортски директор на клубот.

Во соопштението од клубот се наведува дека Кнудсен ќе има улога на спортски директор и ќе ја преземе целата одговорност кон младинскиот оддел и развојот на млади таленти.

Поранешниот европски шампион со нетрпение очекува да започне со новите работни обврски во Силкеборг и нагласи дека не може да го напушти спортот кој го игра од 1997 година на највисоко ниво кога започна во Виборг.

„Тешко ми е да го напуштам ракометот целосно, па оваа можност да работам во клубот ќе ја искористам да помогнам на Силкеборг во остварување на нови успеси. Го познавам клубот доста добро после шест години поминати тука. Ќе се обидеме да одиме уште еден чекор понапред и да освоиме уште многу титули, тоа беше мојата цел додека бев играч и така продолжувам“, рече Кнудсен.

На новото работно место Михаел Кнудсен за полнува од 1 јули. Во кариерата има настапувано за Фленсбург од 2005 до 2014 година од каде се врати во Данска во Силкеборг.