Митревски се приклучи, се чека уште Кузмановски

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, откако заврши со клупските обврски во Порто, денес се приклучи на националниот тим, кој моментално се наоѓа на подготовки во Маврово.

Репрезентацијата на Македонија сѐ уште не е комплетна, недостасува левиот бек Филип Кузмановски, кој ќе им се приклучи на своите репрезентативни колеи на 28 декември.

Како што е веќе познато, избраниците на Кире Лазаров во првиот период од подготовките пред настапот на Светското првенство на двапати ќе тестираат против Црна Гора.

Првиот контролен дуел со Црна Гора ќе биде одигран на 27 декември, додека вториот контролен дуел на 28 декември. И двата натпревари ќе бидат одиграни во Маврово, а селекторот Лазаров ќе има јасна слика за моменталната спремност на ракометарите.

Македонија на Мундијалот во Полска и Шведска ќе игра во група заедно со репрезентациите на Холандија, Аргентина и Норвешка.