Митревски и Тодоровски ќе делат правда во Лигата на шампионите

Македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, покрај натпреварот од Лигата на Европа меѓу Нексе и Монпелје, ќе судат меч од Лигата на шампионите.

Станува збор за женска конкуренција, натпреварот меѓу Брест Бретањ и Подравка Копривница, кој ќе се одигра на теренот во Хрватска.

Французинките гостуваат во Копривница во сабота на 14 ноември, а заостанатиот натпревар од претходното коло што требаше да се одигра во Бретањ, ќе го одиграат на теренот на ривалот.

Закажан е за 16 ноември од 18:00 часот.

Делегат на овој натпревар ќе биде Тања Медвед од Србија.

Македонски судии на две средби во Групата Ц од Лига на Европа

Божиновски и Начевски ќе судат четири европски меча во две недели

„Трета среќа“ во Лигата на шампионите за Карбеска и Илиева

Македонки ќе им судат на Македонки