Божиновски и Начевски ќе судат четири европски меча во две недели

Европската ракометна федерација им верува на официјалните лица од Македонија, со оглед на многуте делегирања во европските натпреварувања.

Даниело Божиновски и Виктор Начевски, откако го судеа мечот од квалификациите за Европското првенство меѓу Косово и Шведска, сега добија двојна задача во женскиот ЕХФ Куп.

Тие ќе ја делат правдата на натпреварите босанскиот Груде и црногорскиот Рудар што ќе се играат во Подгорица на 13 и 11 ноември, додека делегат ќе биде Емир Бешлија од Црна Гора.

Следниот викенд ќе патуваат за Косово, каде ќе ги судат двата меча меѓу косовскиот преставник Истогу и белоруската Брест. Тие дуели се играат на 21 и 22 ноември.

Ацо Николовски ќе биде делегат на двете средби меѓу косовскиот претставник Беса Фамгас и босанскиот тим Босна Виспак што ќе се играат во Пеќ на 21 и 22 ноември.

„Трета среќа“ во Лигата на шампионите за Карбеска и Илиева

Македонки ќе им судат на Македонки