Македонски судии на две средби во Групата Ц од Лига на Европа

Две судиски двојки од Македонија следната седмица ќе имаат работа во Лигата на Европа, а делегирани се во иста група.

Митревски-Тодоровски и Металари-Николовски ќе судат во групата Ц така што ќе имаат интересна задача.

Битолчаните Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат натпреварот меѓу составите на Нексе и Монпелје. Овој натпревар се игра во Нашице следниот вторник од 18:45 часот. Делегат е Рудиќ од Хрватска.

Истиот ден, но во терминот од 20:45 часот Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе судат во Истанбул. Тие ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Бешикташ и Алингсас. И кај нив делегатот е од земјата домаќин, а се работи за Дилмен.