„Трета среќа“ во Лигата на шампионите за Карбеска и Илиева

Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за 8. коло во женската Лига на шампиони.

Меѓу нив се македонските арбитри Силвана Карбеска и Марија Илиева, кои ќе ја делат правдата во Подгорица на мечот меѓу Будуќност и Валчеа, што ќе се игра на 14 ноември од 18:00 часот во „Морача“.

Тие двете требаше да ги судат натпреварите Валчеа – Подравка и Валчеа – Борусија Дортмунд, но беа одложени во последен момент.

Покрај натпреварот од Лигата на шампионите, Карбеска и Илиева ќе судат двобој и од Лигата на Европа, на 21 ноември, меѓу романската Глорија и францускиот Нант.