Митревски блескаше на голот, но Порто по 80 минути игра и драма загуби од Бенфика!

Тимот на Порто беше поразен од големиот ривал Бенфика со 37-36 во полуфиналето од Ф4 во Суперкупот дури по две продолженија, откако в.

Митревски кој влезе на теренот некаде по во 20. минута од првиот дел, забележа 16 одбрани, меѓу кои и неколку клучни со кои го оставаше Порто во игра.

Во регуларниот дел мечот заврши 29-29. При резултат 29-28 за Порто, Митревски одбрани зицер и имаше да се играат 40 секунди до крајот. Судиите бргу кренаа рака за пасивна игра, Руи Силва ја остави топката, но тие проценија дека сакал да задржи време, му дадоа црвен картон и Бенфика доби пенал, кој беше реализиран за продолженија.

На крајот од второто продолжение, односно во 80. минута, Порто напаѓаше за триумф, но на десетина секунди до крајот повторно нападот беше пасивен, Бенфика доби контранапад и погоди за голем триумф.

Во второто полуфинале од Ф4 во Суперкупот, Спортинг Лисабон беше убедлив против Белененсес со 38-24 и ќе игра против Бенфика за првиот трофеј.