Мирче Георгиев се врати дома, ќе игра за тимот на Делчево

Десниот бек Мирче Георгиев во новата сезона ќе биде дел од старо-новиот прволигаш Делчево, кој се враќа во конкуренцијата по пауза од две години.

Георгиев минатата сезона играше за тимовите на Прилеп и на Аеродром, но летово реши да се врати во матичниот клуб.

Делчево веќе ги започна подготовките, кои досега се одвиваа на отворено на стадион, а почнаа и со тренинзите во сала.

Прволигашот ќе игра во групата Б заедно со Куманово, Вардар Неготино, Македонија Ѓорче Петров, Партизан Гевгелија, Текстилец, Скопје и Металург РА.