Миркуловски победнички замина во пензија!

Тимот на Вецлар, каде што седум сезони играше македонската легенда Филип Миркуловски славеше против Минден со 30-28 во последното коло од Бундес лигата.

Ова беше последниот натпревар во играчката кариера на поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски.

Тој постигна два гола од три обиди на овој натпревар, а од следната сезона ќе биде повторно дел од тимот, но овојпат како дел од стручниот штаб на тренерот Бен Мачке.

Вецлар ја заврши оваа сезона во Бундес лигата на осмата позиција, што сепак не беше доволно за место во европските купови.