Микел Хансен има коронавирус

Најдобриот дански ракометар Микел Хансен е последниот во низата ракометари што беа дел од дуелот меѓу Македонија – Данска, а беа ковид-позитивни.

По Филип Миркуловси, Ханс Линдберг, Хенрик Мелгард, Јакоб Холм…и Хансен имаше искуство со коронавирусот.

Францускиот клуб пред десетина дена објави дека двајца од ракометарите имаа позитивни тестови, а сега „Ле Паризиен“ ги откри нивните имиња.

Тој и Елохим Пранди се бореа со коронавирусот, но на реваншот меѓу ПСЖ и Целје во Лигата на шампионите веројатно ќе бидат дел од ростерот.