Металург, Тиквеш, КЛ7 и Струга ќе се борат за титулата на пионерскиот Ф4

По крајот на групната фаза, в среда на 30 јуни, ќе се одигра завршницата во машкото пионерско првенство на Македонија.

Домаќин ќе биде екипата на Струга, а натпреварите од Ф4 турнирот ќе се играат во салата „Нико Нестор“

Учество на завршниот турнир обезбедија победниците на групите од групната фаза, а тоа се екипите на Тиквеш од група А, Струга од групата Б, Металург од групата В и ГА КЛ7 од групата Г.

Пионери, Ф4, распоред на натпревари:

10:00 часот, Тиквеш – Голден Арт КЛ7
12:00 часот, Струга – Металург
17:00 часот, натпревар за трето место
19:00 часот, финале