Металург со пресврт славеше во Битола, ќе се бори за Ф4 во Купот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 одиграа уште еден добар натпревар, но не издржаа до крај и беа поразени од Металург со 26:29 во полуфиналето од групата А во Купот на Македонија.

Натпреварот започна со водство на Еуорфарм Пелистер 2, битолчани поведоа со 3:1 но Металург брзо се врати и израмни на 4:4 во 8. минута. Следуваше период на израмнета игра најчесто со игра гол за гол.

За првпат една екипа имаше повисока предност во 18. минута кога домаќините поведоа 10:7, а тренерот на Металург веднаш побара тајм-аут да ја прекине серијата на противникот. Сепак до крајот на првиот дел остана предноста на Еурофарм Пелистер 2 кој на паузата водеше 15:12.

На почетокот на второто полувреме домашниот тим имаше на двапати по четири предност 16:12 и 18:14, но тогаш започна враќањето на Металург. Во следните минути ракометарите на Иван Марковски одиграа одлично и со серија 7:1 го преземаа водството. Во 50. минута беше 21:24, за веќе во 56. минута да биде решен победникот.

Хорват погоди од седмерец, потоа следуваше одбрана на Дупјачанец и гол во празната мрежа на Еурофарм Пелситар 2 за водство на Металург од 23:27 на четири минути до крајот. Искусните гостински ракометари не дозволија во финишот да го испуштат ова водство и стигнаа до победата која ги носи чекор поблиску до Ф4 во Купот на Македонија.

Најефикасен во победничката екипа беше Златко Хорват со осум погодоци, а Милан Поповиќ беше втор стрелец со пет погодоци. Во составот на Еурофарм Пелистер 2 Павле Петровиќ имаше одлично издание и постигна осум гола, а Никола Стоилевски постигна пет погодоци. Во дуелот за пласман на завршниот турнир Металруг ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Работнички и КЛ7.

Куп на Македонија, четвртфинални групи, распоред:

група А
Еурофарм Пелистер 2 – Металург 26-29
Работнички – КЛ7, среда, 16:30 часот
Металург – Работнички/КЛ7

група Б
Пролет – Прилеп, четврток, 17:00 часот
Младост Богданци – Еурофарм Пелистер, четврток, 19:00 часот
Пролет/Прилеп – Младост Богданци/Еурофарм Пелистер

група В
Вардар – Тиквеш 42-24 (ИЗВЕШТАЈ)
Астраион – Радовиш 24-39 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Радовиш 35-32 (ИЗВЕШТАЈ)

група Г
Бутел Скопје – Јуниор КВ, среда, 18:00 часот
Струга – Охрид, среда, 17:00 часот
Бутел Скопје/Јуниор КВ – Струга/Охрид, четврток, 17:00 часот