Металург се откажа од Купот, Куманово директно во финале!

Ланскиот освојувач на Куп трофејот во женска конкуренција, екипата на Металург, нема да учествува на завршницата во Охрид, така што Македонија ќе има нов освојувач во Купот. Причината за откажувањето на Металург од настап на Ф4 во Купот е добра позната.

Ривалот на Металург во полуфиналето, Куманово, службено ќе го добие натпреварот и ќе се пласира во финалето. Противник на Куманово ќе биде победникот од дуелот меѓу Ѓорче Петров и Вардар.

Ракометарките од Автокоманда поради неисплатени плати најпрво не го одиграа дуелот против Чаир во рамки од суперлигашкиот плеј-оф, па потоа дојдоа во ситуација да го откажат и настапот на завршниот турнир од Купот.

Најверојатно Металург нема да го доигра и последниот дуел од националното првенство, а финансиската криза секако ќе се одрази и врз ракометарките, кои извесен период не тренираат воопшто, нема ниту во наредниот период, па така без адекватни тренинзи, но и натпревари, тешко може да се одржи посакуваната форма.