Металопластика го грабна трофејот во српскиот Суперкуп!

Екипата на Металопластика од Шабац го освои првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона, откако во Суперкупот на Србија успеа да триумфира против Војводина, со резултат 29:28 (12:15) во неизвесен натпревар.

Иако екипата на Војводина имаше резултатска контрола во првите 30 минути, сепак, избраниците на Владан Матиќ со одличната игра во вториот дел успеаја да го освојат трофејот во Суперкупот.

Најефикасен во победничката екипа беше Матеја Додиќ со осум постигнати погодоци, а по четири погодоци постигнаа Божидар Симиќ и Милан Дакиќ. Во екипата на Војводина најефикасни беа Живан Пешиќ и Дарко Миленковиќ, кои постигнаа по пет гола.

Ланскиот освојувач на Купот на Србија покажа дека и во новата сезона ќе атакува на одбрана на трофејот во Купот, но и на освојување на шампионската титула. За шампионската титула во новата сезона, освен актуелниот шампион Војводина и вицепрвакот Металопластика, во игра ѐ и амбициозниот тим на Динамо Панчево.