Марковски за 24 Ракомет ТВ: Имаме респектабилна екипа за европски рамки (ВИДЕО)

Екипата на Металург се наоѓа на турнирот во Струга каде што синоќа доживеа изненадување против составот на Тиквеш, но со оглед на тоа што ова се подготовки главното ќе се очекува следниот месец кога стартуваат официјалните средби.

Пред овој турнир тој во интервју за 24 Ракомет ТВ зборуваше за ситуацијата во клубот, неиграњето во европските купови, но и за очекувањата од новата сезона.

„Без разлика што направивме екипа која е респектабилна за европски рамки, сепак, и на домашна сцена мораме да бидеме внимателни бидејќи од самиот почеток на новиот систем ќе бидат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Овој нов Металург се гради на подолги патеки бидејќи секој од играчите има договор на две или повеќе години. Сакаме одново да обезбедиме место во европските купови и одново да покажеме дека можеме и таму да се надигрувањем. Сè е отворено, па доколку оди според планот зошто да не стигнеме во следните сезони и до напад на второто место, па и првото“, вели Марковски во интервјуто за 24 Ракомет ТВ.

Комплетното интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение.