Македонците се загреваат на терен – „мала одбрана, ама гласна“ поддршка од трибините (ФОТО/ВИДЕО)

Започна загревањето на македонските репрезентативци пред натпреварот од второто коло во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Ривал е Швајцарија, град-домаќин е Шафхаузен, а дуелот ќе се игра во „ББЦ Арена“ пред најмногу 50 гледачи.

Дел од нив ќе бидат поддршка за македонската репрезентација во походот кон втора победа во квалификациите.

Натпреварот ќе започне од 18:30 часот, а ќе судат Швеѓаните Куртагиќ и Ветервик, додека делегат е Вицтум.