Македонското трио во Локомотива Загреб се израдува на висок триумф

Хрватскиот шампион Локомотива Загреб продолжува со одличните настапи во домашниот шампионат и во рамки од 3. коло без проблеми забележа убедлив триумф против Сплит, со резултат 38:19 (17:9).

Солиден настап во дресот на Локомотива Загреб имаа трите репрезентативки на Македонија, Леонида Гичевска, Андреа Седлоска и Сања Дабевска.

Гичевска имаше четири погодоци, Седлоска трипати се запиша во листата на стрелци, а кружниот напаѓач Дабевска имаше 100% реализација, два гола од исто толку обиди.

Ракометарките на Локомотива Загреб в сабота ќе гостуваат во Шведска кај екипата на Сторхамар, во рамки од 2. коло од Лигата на шампионите. Во првото коло екипата на Ненад Шоштариќ беше поразена од романски Рапид Букурешт.

Тимот од Хрватска ќе игра уште со екипите на Будуќност, Ѓер, Кастамону, Есбјерг и третопласираната екипа од последниот Ф4 во Лига на шампионите, француски Мец, во рамки од групата Б.