Македонската делегација тргна на пат, во Краков претстојат жестоки битки (ФОТО)

Македонската делегација денеска во 11:30 часот заминува за полскиот град Краков, кој ќе биде база на националниот тим во следните седум дена.

Селекторот Кире Лазаров вчера ги потврди 18 ракометари, кои денеска со чартер лет заминуваат за Полска.

Покрај ракометарите и стручниот штаб, денеска и голем број на навивачи ќе тргнат на пат за одново да бидат осмиот играч на нашата репрезентација.

Македонија ќе биде во група со Норвешка, Аргентина и Холандија, а првиот натпревар е утре против Норвежаните од 20:30 часот.