Македонија ќе има претставник на завршниот турнир во Лигата на Европа

Завршниот турнир во Лигата на Европа во машка конкуренција ќе се одржи во „САП Арена“ во Манхајм на 22 и 23 мај.

ЕХФ ги делегираше официјалните лица, арбитрите и делегатите, а како на женскиот Ф4, така и на машкиот завршен турнир, Македонија ќе има претставник.

Тоа ќе биде претседателот на судиската комисија на ЕХФ, Драган Начевски, кој ќе биде еден од двајцата делегати на вториот полуфинален меч меѓу Рајн Некар Левен и Фуксе Берлин.

Овој дуел ќе се игра на 22 мај од 20:45 часот, додека претходно ќе се соочат Висла Плоцк и Магдебург од 18:00 часот.