Македонија ќе биде домаќин на Светското кадетско првенство во август!

Ракометната федерација на Македонија најверојатно ќе биде домаќин на Светското првенство за кадетки што требаше да се игра во Грузија.

ИХФ веќе ја информира РФМ дека Грузија нема да биде домаќин, и побара од нашата куќа на ракометот да ја преземе организацијата.

Македонија со титулата на кадетскиот ЕХФ шампионат во Литванија, го обезбеди своето место на Мунијалот. На СП ќе има првпат 32 репрезентации.

Терминот за одржување на кадетското СП ќе биде од 30 јули до 10 август во Скопје.