Македонија им ги „окупира“ мислите на Словенците

Прв ривал на Македонија на Европското првенство во Унгарија и Словачка, ќе биде селекцијата на Словенија.

Под водство на селекторот Љубомир Врањеш, Словенците веќе се на подготовки во Зрече и ги чекаат трите пријателски средби против Хрватска и Италија.

„Поголем дел од играчите со во добра форма, бидејќи имаа време да се одморат, барем оние што порано завршија со клупски обврски. Мораме да се фокусираме на физичката подготовка, да работиме и во теретана, но во исто време ќе работиме и на нашата игра, на стратегијата“, вели Врањеш за „Сиол“.

Тој потенцира дека прва цел е да се победи Македонија.

„Наша прва цел е да ја победиме Македонија, па потоа ќе зборуваме за следните ривали“, заврши Врањеш.

Македонија и Словенија ќе се соочат во „Феникс Арена“ во Дебрецин на 13 јануари.