Магдебург и Саугуструп ја продолжија соработката

Данскиот ракометар Магнус Саугуструп го продолжи договорот со германски Магдебург до 2026 година.

Иако договорот на светскиот шампион истекуваше во 2024 година клубот за неговите одлични настапи го награди со дополнителни две години и сега новата соработка има важност до 30 јуни 2026 година.

„Имавме одлична прва сезона со моето семејство и се чувствуваме удобно во Магдебург, затоа и не размислував многу кога решив да ставам потпис на нов договор. Се радувам што ќе останам тука уште долго време и ќе играме пред овие одлични навивачи“, изјави Саугуструп.

Во редовите на Магдебург, Саугуструп пристигна летото 2021 година од тимот на Алборг со кој четири пати беше шампион во првенството и еднаш во купот. Со репрезентацијата на Данска стана светски шампион во 2021 година, го освои олимпиското сребро во 2020 година и третото место на Европското првенство во 2022 година.