Магдебург во победничка атмосфера ги чека битолчани, славеше кај Пешевски и Штутгарт

Тимот на Магдебург по убедливиот триумф во Битола против Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа, продолжи со одлични настапи во Бундес лигата.

Избраниците на Бент Вигерт победија на гостувањето кај Штутгарт на Жарко Пешевски со убедливи десет разлика, 22-32.

Пешевски имаше четири обиди кон противничкиот гол, но успеа да погоди само еднаш во мрежата на Грин.

Следен предизвик за Магдебург ќе биде домашниот двобој со Еурофарм Пелистер во осминафиналето од Лигата на Европа.