Локе по осми пат го скрши носот!

Норвешката репрезентативка Хајди Локе мораше порано да ја напушти својата репрезентација на турнирот од Златната лига во Данска кој се играше изминатиoт викенд.

Локе на натпреварот со Данска заработи повреда на носот, а откако била прегледана од лекарите утврдена е скршеница. Претходно проблеми со носот имаше на Светското првенство во Јапоноја во 2019 година каде што одигра скоро цел натпревар со скршен нос.

„Не е толку лошо како минатиот пат, играв но ме болеше. Морав да го напуштам натпреварот на полувреме и во текот на целото второ полувреме останав во соблекувалната“, објави Хајди Локе на Инстаграм.

Локе за медиумите потврди дека претходно има доживеано седум фрактури на носот што и предизвикува потешкотии при дишењето. Последиците од многуте повреди на носот се лесно видливи на нејзиното лице.