Лејно по долго време доаѓа во Македонија, но во поинаква улога

Некогашната ракометарка на Вардар и француска репрезентативка Амандин Лејно, по долго време ќе дојде во Македонија.

Таа ќе биде дел од француската делегација што ќе игра на ЕП во Македонија, односно Скопје како тренер на голманите, пишува „Hand news“.

По заминувањето од унгарскиот Ѓер минатата сезона, нејзиното име се поврзуваше со камбек во тимот на Бур Де Пеж како дел од стручниот штаб, но од тоа засега нема ништо.

Франција е во група со Македонија, Холандија и Романија на Европското првенство што ќе стартува на 4 ноември.