Легендарниот Словак се враќа во татковината, Татран Прешов добива конкуренција

Екипата на Кошице за новата сезона создава тим кој ќе може да му парира на непобедливиот Татран Прешов во шампионатот на Словачка.

Клубот и официјално ги соопшти новите имиња за престојната сезона.

Во Кошице ќе пристигне ветеранот и екс репрезентативец на Словачка, Мартин Страновски од екипата на ПИК Сегед. Левото крило освен за унгарскиот првак настапуваше и за Нове Замки, Татран Прешов, Ерланген, како и за Барселона и Адемар Леон од Шпанија.

Покрај Страновски, Кошице ангажираше уште двајца ракометари. Тимот ќе биде комплетиран со репрезентативецот на Словачка, Патрик Хрушчак и искусниот голман, Михал Шејбал.