Легендарната Гордана Нацева ќе биде ракометен амбасадор на ЕП во Македонија!

Поранешната македонска репрезентативка Гордана Нацева е избрана од страна на Ракометната федерација на Македонија за амбасадор на претстојното Европско првенство што ќе се игра во нашата земја и во Словенија и Црна Гора.

Тоа што ќе биде Нацева во Македонија, ќе бидат Катарина Булатовиќ во Црна Гора, како и Ана Грос во Словенија.

„Чест ми е и задоволство, но и одговорност да се биде амбасадор на ракометот. Секогаш сум сакала да ја прњтставуавам мојата земја во вистинско светло. Се надевам дека ќе ја претставиме во вистинско светло, тука мислам и резултатски но и од организациски аспект. На прав пат сме, се надевам ќе останеме каде што сме“, ијави Нацева.

Нашата женска репрезентација ќе игра во група со Холандија, Романија и Франција.

ЕП ќе се игра во четири града – Скопје, Подгорица, Целје и Љубљана од 4 до 20 ноември годинава.