Лазаров со два гола во новиот триумф на Нант

Екипата на Нант каде што настапува Кирил Лазаров забележа нова победа во првенството на Франција откако на гостувањето кај Шамбери во 17. коло славеше победа од 32:25.

Лазаров беше на теренот во вторите 30 минути и успеа да се запиште двапати во листата на стрелците. Најефикасен беше Валеро Ривера со 11 гола, а Емерик Мин постигна шест погодоци.

Во првите петнаесетина минути натпреварот беше израмнет, а во останатиот дел доминираше Нант. На полувреме тимот на Лазаров водеше 17:15, но во продолжението беше уште поубедлив и без проблеми запиша нови бодови.

Ова беше 13. победа на Нант сезонава со која се зацврстија на втората позиција со 27 бода зад водечкиот ПСЖ. Во следното коло Лазаров и соиграчите ќе гостуваат на екипата на Истр.