Лазаров открива: Обрван е еден од ретките тренери со кој немав добар однос

Капитенот и селектор на Македонија, Кире Лазаров, ја промовираше својата автобиографија во која откри интересни детали.

Меѓу нив е и делот за соработката со Ивица Обрван како селектор и тоа уште на почетокот.

„Ивица е еден од ретките тренери со кого од старт немав добар однос. Во првиот разговор што го водевме телефонски почувствував дека има намера да го гради авторитетот на мене. Она што се случуваше со Вујо, седум-осум години претходно“, пишува Лазаров.

Исто така обелоденети се причините за незадоволството низ неколкуте години од соработката.

„Не бев задоволен од неговиот пристап. Тоа јавно го кажувам, тоа и нему му го реков. Не беше коректно така да се постави. Можеби на тој начин сакаше повеќе да извлече од мене. Можеби и извлече. Тој тоа најдобро го знае“, напиша Лазаров во автобиографијата.

Сите други интересни детали за односот на Кире Лазаров и Ивица Обрван, но и уште многу работи поврзани со карирата и животот на македонската легенда, може да прочитате во неговата автобиографија.

Промовирана автобиографијата на Кирил Лазаров – „Секогаш на победа“!

Филип Лазаров: Кога му се спиеше на Кире, сите дома мораше да спиеме

Легендите Вујо и Пепи за Лазаров: „Кога имате играч како Кире, вие може да бидете мирни“

Мукаетов: Лазаров е вистински професионалец, од него сите млади можат да учат

Ракометниот крем на Македонија на едно место, во чест на Кирил Лазаров (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лазаров откри: Вардар ме бараше во јуни, но јас во април потпишав за Барса

Лазаров откри: Вујовиќ ме деградираше како капитен и како човек

Сеќавање на ЕП 2012: После поразот од Данска, на вечерата беше како на погреб