Мукаетов: Лазаров е вистински професионалец, од него сите млади можат да учат

Првиот човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов исто како и повеќето имаше убави зборови за Лазаров на промоцијата на автобиографијата „Секогаш на победа“.

Соработката меѓу Мукаетов и Лазаров трае веќе неколку години, а во оваа 2021 година стана и поголема. Лазаров стана селектор, а заедно се и во проектот со РК Алкалоид.

„Имав среќа да работиме заедно. Ни требаше време да се уиграме. Среќен сум што во последните години сме заедно и што стана селектор. Тој е вистински професионалец и сите млади можат да учат од него и да впиваат од знаењето од него како сунѓер“, коментираше Мукаетов.

Ова беше промоција на втората книга на Лазаров. Првата „Седум“ беше пред осум години, а денеска ја промовираше автобиографијата „Секогаш на победа“ и на промоцијата ги собра поголемиот дел од ракометарите и ракометните работници.

Промовирана автобиографијата на Кирил Лазаров – „Секогаш на победа“!

Филип Лазаров: Кога му се спиеше на Кире, сите дома мораше да спиеме

Легендите Вујо и Пепи за Лазаров: „Кога имате играч како Кире, вие може да бидете мирни“