Лазаров откри: Вујовиќ ме деградираше како капитен и како човек

Капитенот и селектор на Македонија, Кире Лазаров, ја промовираше својата автобиографија во која откри интересни детали.

Лазаров соработуваше со Веселин Вујовиќ во македонската репрезентација за време на бараж двомечот со Словенија за пласман на ЕП.

„Не бев задоволен од Вујовиот однос спрема мене. Неговиот начин на мотивација беше се, само не покренувачки. Ме деградираше и како капитен и како човек. Не му замерувам, ама и не заборавам. Денес сум во позиција во која беше тој. Како селектор, така не би се поставил ни спрема најслабиот, а камоли кон најдобриот играч во репрезентацијата“, напиша Лазаров.

Сите други интересни детали за односот на Кире Лазаров и Веселин Вујовиќ, но и уште многу работи поврзани со карирата и животот на македонската легенда, може да прочитате во неговата автобиографија.

Промовирана автобиографијата на Кирил Лазаров – „Секогаш на победа“!

Филип Лазаров: Кога му се спиеше на Кире, сите дома мораше да спиеме

Легендите Вујо и Пепи за Лазаров: „Кога имате играч како Кире, вие може да бидете мирни“

Мукаетов: Лазаров е вистински професионалец, од него сите млади можат да учат

Ракометниот крем на Македонија на едно место, во чест на Кирил Лазаров (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лазаров откри: Вардар ме бараше во јуни, но јас во април потпишав за Барса