Лазаров откри: Вардар ме бараше во јуни, но јас во април потпишав за Барса

Капитенот и селектор на Македонија, Кире Лазаров, ја промовираше својата автобиографија, во која откри многу интересни детали, непознати за јавноста.

Тој потврди дека во 2013 година, кога Сергеј Самсоненко го презема Вардар, добил понуда да се врати во Македонија.

„Сергеј Самсонненко ме повика кога го презеде Вардар. Барса долго ја чекав, потпишав договор и не знам што би можело да се случи да се дрзнам и да ја променам одлуката, да раскинам или било што. Сергеј веднаш ме сфати. Ме повика во јуни, а мојот параф ставен во април“, пишува Лазаров.

Повеќе детали за разговорот на Лазаров и Самсонеко, како и уште многу интересни работи поврзани со неговиот живот и кариера, можете да прочитате во неговата автобиографија.

Промовирана автобиографијата на Кирил Лазаров – „Секогаш на победа“!

Ракометниот крем на Македонија на едно место, во чест на Кирил Лазаров (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Филип Лазаров: Кога му се спиеше на Кире, сите дома мораше да спиеме

Мукаетов: Лазаров е вистински професионалец, од него сите млади можат да учат

Легендите Вујо и Пепи за Лазаров: „Кога имате играч како Кире, вие може да бидете мирни“