Лазаров немаше своја вечер, Нант осум меча без пораз

Капитенот на македонската репрезентација и селектор, Кире Лазаров, со неговиот Нант славеше на гостински терен кај составот на Сесон Рен со 21-25.

Триумфот на гостите беше најавен уште по првото полувреме, кога Нант водеше со шест гола разлика, 8-14.

Лазаров немаше своја вечер, и постигна само еден погодок од шест обиди, но и покрај тоа неговиот тим стигна до полн плен.

Ова беше осми натпревар без пораз на Нант, а следен предизвик ќе биде двомечот со Келце во Лигата на шампионите.