Лазаров за 24 Ракомет: Победивме по заслуга на Томовски, но заслужни се и сите други

Македонија дојде до победа од 22:21 на втората контрола против репрезентацијата на Кувајт, а после овој триумф, селекторот Лазаров имаше свое видување на она што беше направено на теренот.

Задоволен е од она што момците го направија во финишот и од тоа како Томовски бранеше кога беше најпотребно.

„Ова е едно искуство. Помалку и ли повеќе имам јасна слика. Не барам алиби дека менуваме генерација, дека ова е процес, дека треба време, но во исто врме сакаме да играме со најдобрите репрезентации во егал. Ми се допадна денеска тоа што имавме ваков натпревар каде бевме во минус 59 минути и на крај победивме по заслуга најмногу на Мартин Томовски, кој влезе во 42-43 минута, а собра осум одбрани. Имаше 66 проценти одбранети удари за овие минути. Сепак, заслуѓни се сите играчи. Покрај тоа што играме пријателски средби ние и тренираме многу напорно. Игравме против една квалитетна селекција. Не е европска, но добро ќе ни дојде бидејќи имаше многу контакт во играта особено на оваа средба“, изјави Лазаров за 24 Ракомет.

Следува мала пауза, па веднаш после новогодишната ноќ ќе се влезе во нов период на подготовки и ќе се финишира со тренинзите пред заминувањето за Унгарија.