Лазаров го победи коронавирусот

Капитенот на македонскаа репрезентација Кире Лазаров ја доби битката со коронавирусот без проблеми и ќе се врати на тренинзите на францускиот Нант.

Тимот на Алберто Ентрериос и без Лазаров победи кај Целје во Лигата на шампионите и Сен Рафаел во домашниот шампионат, но враќањето на десниот бек ќе биде само плус.

Нант требаше да гостува кај Загреб во среда, но тој дуел е одложен поради тоа што хрватскиот првак е во изолација.

Можно е сепак Лазаров и соиграчите оваа недела да одиграат еден заостанат натпревар од францускиот шампионат против Трембле.