Лазаров ги сруши ПСЖ и Раул

Шампионот на Франција, ПСЖ кој е предводен од Раул Гонзалес денеска го претрпе првиот пораз сезонава и тоа на домашен терен против Нант со 24:25.

Капитенот и селектор на Македонија, Лазаров го предводеше својот тим до големи бодови на тешкото гостување и до триумф со кој се зацврсти 3. позиција на табелата. Нант беше тимот кој имаше предност во поголемиот дел од натпреварот, а на полувреме гостите водеа со 13:12.

Во второто полувреме во добар дел од времето предноста на Нант беше 2-3 гола така што без поголеми проблеми беше обезбедена победа која на крајот беше само еден гол разлика, 25:24 откако ПСЖ се обиде да дојде до бод на овој натпревар.

Кирил Лазаров имаше добра вечер и постигна четири гола со кои беше еден од најефикасните во тимот односно дел од групата на ракометари кои реализираа по четирипати. По четири гола имаа и Мине и Балагер.

Ова е прв пораз сезонава за тимот на ПСЖ, а и покрај тоа останува лидер на табелата во најсилната лига на Франција.