Куманово со прво засилување – потпиша Пена Граматова

Носителот на двојната круна во женскиот ракомет во Македонија, Куманово, го донесе првото засилување во пресрет на новата сезона.

Станува збор за левото крило Пена Граматова, која по кратка пауза се враќа на ракометните терени.

Поранешната кадетска и младинска репрезентативка на Македонија претходно беше дел од составот на Металург, со кој има настапи и во европските купови.

Следната недела се очекуваат и нови засилувања за Куманово, кој повторно ќе атакува на двојната круна во претстојната сезона.

Досега од клубот си замина само кружниот напаѓач Медеа Чокели, која потпиша за францускиот Мерињак.