Тимот на Сокол Саса, кој дебитираше на ракометна сцена во прволигашката конкуренција, загуби на премиерата на домашен терен. Ова беше историски момент – за првпат Македонска Каменица беше домаќин на ракометен ракометар.
Сокол Саса беше совладан од составот на Партизан Гевгелија, кој ги однесе бодовите со триумфот со 44-37.
Домашните ракометари не беа во подредена позиција, парираа повеќе од четириесетина минути, но никако не успеваа да наметнат свој ритам и гевгеличани ја преземаа контролата, па до крајот само рутински ја задржаа предноста.
Дури 31 погодок за домашниот тим постигнаа Мирче Георгиев (13), Гоце Георгиевски (9) и Павле Стоиловски (9).
Во победничката екипа од Гевгелија се истакнаа Милан Савов со девет и Горан Лисичков со осум погодоци.

























