Кузмановски четири пати во „лавовската“ мрежа

Екипата на Хановер за која настапува репрезентативниот среден бек на Македонија, Филип Кузмановски имаше тешко гостување во 26. коло од Бундес лигата кај Рајн Некар и беше поразена со 28:33.

Филип Кузмановски имаше солидно издание на овој дуел, тој добро ја искористи шаната што му ја даде тренерот и постигна четири гола и имаше две асистенции. Кузмановски беше втор стрелец во својот тим зад Хансен кој имаше пет реализации.

Во поголемиот дел од првото полувреме Рајн Некар беше во водство, имаше предност од 5:2 и 7:4. Хановер успвеше да се врати, израмни на 10:10, а потоа и на 13:13, но сепак на полувреме замина со негатива од еден гол, 15:14.

Вториот дел, Рајн Некар го отвори со 3:0 и стекнатата предност лесно ја сочува до крај за конечен триумф. Со овој петти пораз по ред Хановер ја продолжи серијата лоши резултати, а во следното коло против Вецлар ќе се обиде да се врати на победите.