Кузмановски и Хановер ги суредија „лавовите“

Тимот на Хановер по ремито на гости кај Ерланген, забележа убедлива победа против еден од фаворитите за титулата во Бундес лигата – Рајн Некар Левен, со убедливи 36-30.

Домашните најавија дека ќе се борат за победата уште по првиот дел што го добија со три разлика, 19-16.

Во второто полувреме голманот Лесјак одлично бранеше и ги запре сите обиди за пресврт на „лавовите“.

Хановер на крајот рутински ја одржа разликата и забележа само втора победа над Рајн Некар од 2011 година па наваму.

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски даде два гола од четири обиди, изнуди еден пенал и направи две технички грешки. Најефикасен во победничкиот тим беше Хрватот Мартиновиќ со седум погодоци.