Кузмановски втор стрелец во поразот на Хановер

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски продолжи да игра во одлична форма во Бундеслигата.

Тој постигна четири гола од пет обиди во поразот на Хановер на гостински терен кај составот на Лајпциг со 29-26.  Повеќе од него даде само Мартиновиќ, вкупно пет, но сите беа од пенали.

Вецлар, каде што игра некогашниот репрезентативец Филип Миркуловски загуби на гости кај Лемго со 28-27, иако имаше шанса за реми, но Чавор промаши.

Миркуловски постигна еден погодок од еден обид на овој натпревар. В сабота Штутгарт на Жарко Пешевски ќе игра против Кил,а Лудвигсхафен на Мартин Томовски ќе се сретне со Фленсбург.