Крстевски прв, Тренчевски втор стрелец за АИФК Турку против ГРИФК

Тимот на АИФК, за кој настапуваат двајцата македонски интернационалци Илија Крстевски и Александар Тренчевски, со пораз го стартуваше финскиот шампионат.

АИФК загуби на домашен терен од ГРИФК со 39-26, но македонските интернационалци беа најдобри на теренот.

Крстевски беше прв стрелец и успеа да постигне шест погодоци, додека Тренчевски додаде уште три гола.

Покрај нив двајца, во Финска за составот на СИФ настапува и Филип Чурлевски. Тој постигна два гола во поразот на гостински терен од ХИФК со 27-26.